Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

ЖФК „Тиверија“ – Струмица по трет пат победнички на „Купот на карневалот 2019-та“ – Струмица

  • ЖФК „Тиверија“ од Струмица по трет пат победници на третиот „Куп на карневалот 2019-та“ – Струмица.
  • Финалето и натпреварот за 3-то место беа неизвесни до самиот крај и за победниците мораа да решаваат пеналите.
  • Наградите ги додели членот на Советот на општина Струмица - Александар Ненчев.

ЖФК „Тиверија“ од Струмица по трет пат победници на третиот „Куп на карневалот 2019-та“ – Струмица. Годинава турнирот се одржа во кадетска конкуренција, односно девојки родени 2005-та и помлади.

Финалето и натпреварот за 3-то место беа неизвесни до самиот крај и за победниците мораа да решаваат пеналите. Во натпреварот за 5-то место екипата на „Бургас“ беше поуспешна од ЖФК „Миравци“. 

Во полуфиналето ЖФК „Тиверија“ беше подобра од ЖФК „Јантра“ од Габрово со 4:3, додека пак ЖФК „Енко“ со 3:1 ја совлада битолската екипа „Топ Гол“. 
Во финалето по нерешените 1:1 (Тиверија – Енко Пловдив) се пристапи кон изведување на пенали при што посреќна беше екипата на „Тиверија“. 

За најперспективна фудбалерка беше прогласена Теона Галабовска од „Тиверија“,
најмлад учесник Стефанија Филипова од „Топ Гол“, најдобар голман Мери Васева од „Тиверија“, најдобар стрелец Сиљана Михалева од „Бургас“, најдобар тренер Радомир Николов од „Јантра“. Во генерацијата 2007-ма најдобар играч беше Михаела Маркова од „Топ Гол“, во 2006-та Слаѓана Ѓорѓиева од „Тиверија“ и во генерацијата 2005-та Јоана Михалева од „Енко“ – Пловдив.

Во вкупниот пласман првото место го освои ЖФК „Тиверија“ – Струмица, второто ЖФК „Енко“ – Пловдив, третото ЖФК „Јантра“ – Габрово, четвртото ЖФК „Топ Гол“ – Битола, петтото ЖФК „Бургас“ и шестото ЖФК „Миравци“. 

Наградите ги додели членот на Советот на општина Струмица – Александар Ненчев. Исто така од Карневалскиот одбор при Струмичкиот карневал предводен од Александар Цицимов на сите екипи учесници им беше доделен Карневалски медал и пригодни подароци.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.