Фотографија објавена на јавниот профил на Здравствен дом — Струмица
За двете служби се наменети два ЕКГ-апарати и два полуавтоматски дефибрилатори.
Персоналот помина обука за користење на опремата во санитетското возило.
Здравствениот дом во Струмица денес доби како донација два ЕКГ-апарати и два полуавтоматски дефибрилатори. Опремата ќе биде распоредена во Службата за итна медицинска помош и во Дежурната служба во Ново Село.
Донацијата е дел од проектот „Heart Safe“, реализиран во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Преку истиот проект Здравствениот дом доби и санитетско возило.
Персоналот се обучуваше како да ја користи целата опрема во санитетското возило. Обуките опфатија и основно и напредно одржување во живот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.