Тренчевска објасни дека пратениците поднеле амандман затоа што проектот не е вклучен во предлог-програмата на Општина Струмица, а обновата на патот е важна за жителите на Просениково. На расправата таа му реплицираше на пратеникот од власта Жан Дрвошанов.
Струмичката организација на СДСМ оцени дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица не дале одговор на барањето за патот и дека, наместо тоа, се оправдувале со минатото. Според локалниот СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не сработила ништо за Струмица за три години на централна власт и повеќе од една година на локална власт, а партијата очекува тоа да продолжи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.