Викендов во Василево заврши новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал, кој почна на 17.12.2018-та година. На победниците наградите им ги додели градоначалникот Марјан Јанев.
Прво место освои екипата на „Хридам“ од Доброшинци со награда од 100.000,00 денари. Второ место освои екипата на „Јован Петрол“ од Радовиш со награда од 60.000,00 денари додека третото место го освои екипата на „Серта“ Конче со награда од 30.000,00. Утешна четврта награда освои и екипата на ТВ Канал Вис со износ од 10.000,00 денари.
Беа доделени и награди за најдобар играч и најдобар голман.
Градоначалникот Јанев истакна дека општина Василево секогаш ќе ги поддржува ваквите настани, бидејќи тие овозможуваат продолжување на одредени традиции, меѓусебно дружење на граѓаните и афирмација на општината пошироко во регионот.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.