Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица се одржа првиот турнир на Меѓуопштинската училишна лига во футсал

Во спортската сала во СОУ „Никола Карев“ – Струмица се одржа првиот турнир на Меѓуопштинската училишна лига во футсал, за средни училишта во женска конкуренција со учество на сите три средни училишта од Струмица.

Тимот на СОУ „Јане Сандански“ го победи тимот на СОУ „Никола Карев“ со 4:1, а на натпреварот со СОУ „Димитар Влахов“ извојуваа победа на пенали 4:3 (5:5).

Во составот на училишниот тим на СОУ „Јане Сандански“ беа: Ивана Николова, Елена Паневска, Теодора Николовска, Македонка Ѓоргиева, Кристина Митева, Славица Цветанова, Добрица Милчевска, Јана Колева, Наталија Делевска и Марија Комарова, под менторство на професорот Атанас Цикарски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.