Викендов во Неготино, во спортската сала „Кирил и Методиј“ се одржа вториот ракометен Јуниор Куп на Југоистокот, за млади до 14 години. На него учествуваа екипите на РК „Младост“ – Богданци, РК „Партизан“ – Гевгелија, РК „Астраион“ – Струмица и РК „Вардар“ – Неготино.
Резултатите во Прво 1/2 финале беа следни:
РК „Младост“ – Богданци – РК „Партизан“ – Гевгелија – 13:27 (5:11)
Второ 1/2 финале:
РК „Астраион“ – Струмица – РК „Вардар“ – Неготино 22:28
Натпревар за трето место РК „Младост“ – Богданци – РК „Астраион“ – Струмица 16:19 (5:8)
Финале:
РК „Партизан“ – Гевгелија – РК „Вардар“ – Неготино 21:20
Пласман :
1. РК „Партизан“ – Гевгелија
2. РК „Вардар“ – Неготино
3. РК „Астраион“ – Струмица
4. РК „Младост“ – Богданци
За најдобар играч на турнирот е прогласен играчот на РК „Вардар“ од Неготино Ангел Ицев; Најдобар стрелец на турнирот е Тодор Узунчев од „Партизан“ – Гевгелија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.