Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Васил Гогов од струмички „Астраион“ ќе игра во македонската ракометна Б репрезентација

Селекторот г-дин Данило Брестовац, го објави списокот на повикани ракометари за настап на претстојниот меѓународен турнир кој ке се одржи од 18.12.2018 до 20.12.2018 во спортската сала Автокоманда.

На списокот се најде и струмичанецот Васил Гогов кој игра за Ракометниот клуб „Астраион“ од Струмица, а во репрезентацијата ќе се најде во категоријата Б, односно јуниори.

Собирот на двете репрезентации на Македонија е закажан на 16.12.2018 во салата Автокоманда со почеток во 17:00 часот на Македонија (А) , додека во 18:30 часот е собирот на Македонија (Б).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.