Женскиот фудбалски клуб „Тиверија“ – Струмица, заедно со „Истатов“ – Дојран и „Драгон“ – Скопје, со убедливи победи во второто коло на женската фудбалска лига во Македонија.
„Тиверија“ – Струмица на домашен терен извои победа со 10:1 над „Речица“ – со четирите гола на Димоска, Карапузовска и Велкова по два гола, како и головите на Панеска и Бошкоска.
Актуелниот првак „Драгон“ со 9:1 на домашен терен, беше подобар од Тетово. „Истатов“ ја извојува најубедливата победа и со 14:0 беше подобар од Кочани.
На останатите средби по три бода освоија и „Каменица Саса“, „АС Јунајтед“ и „Љуботен“.
Резултатите од второто коло се следниве: Драгон – Тетово 9:1, Каменица Саса – Атлетико 1:0, Љуботен – Плачковица 5:0, Истатов – Кочани 14:0, Тиверија – Речица 10:1, Прилеп – АС Јунајтед 1:3, Топ Гол – Борец 0:0.
Табелата по две одиграни кола изгледа вака: Истатов 6, Драгон 6, Каменица Саса 6, Тиверија 6, АС Јунајтед 6, Тетово 3, Речица 3, Љуботен 3, Топ Гол 0 (-1), Прилеп 0, Борец 0 (-1), Кочани 0, Атлетико 0, Плачковица 0.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.