Пионерите на РК „Астраион“ – Струмица, кои воедно беа и организатори, го освоија 3-тото место на третиот Јуниор куп Југоисток.
На него учествуваа и РК „Партизан“ – Гевгелија кој го освои 1-то место, РК „Младост“ – Богданци, со освоено 2-ро место и РК „Вардар“ – Неготино, со освоено 4-то место.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Стојан Наумовски од РК „Младост“ – Богданци, најдобар стрелец Тодор Узунчев од РК „Партизан“ – Гевгелија и најдобар голман Никола Ѓоргиев од РК „Партизан“ – Гевгелија.
Следниот турнир ќе го организира РК „Партизан“ – Гевгелија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.