Клубот го оценува овој резултат како плод на посветеноста, трудот и дисциплината на играчите. Во оваа генерација гледа продолжување на струмичката одбојкарска традиција и потврда за квалитетот на својата школа, а Струмица ја опишува како еден од најголемите одбојкарски центри во Македонија.
Пред следните предизвици, клубот им порача на младинците да не се задоволуваат со досегашните успеси, да продолжат да работат и да веруваат еден во друг. Ги повика секој следен тренинг да го искористат како можност за напредок.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.