Со победата над „Силекс“ од Кратово од 3:0, „Академија Пандев“ со освоени 12 бода се врати на врвот од табелата на Првата македонска фудбалска лига.
На стадионот „Кукуш“, „пандевци“ ги надиграа кратовчани, постигнувајќи два гола од игра и еден од пенал. Дориев со пенал во 61 минута го отвори резултатот, по што во 76 односно 90 минута, Илиев и повторно Дориев поентираа за конечните 3:0.
Моментално со само еден бод помалку, второто и третото место на тавелата го делат Шкендија и Вардар, додека струмичка „Беласица“ со само два бода е на дното од истата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.