Фотографија објавена на јавниот профил на Петар Јанков
Организаторите ѝ се заблагодарија на Општина Струмица за поддршката.
Јанков најави подготвеност за продолжување на партнерството со организаторите.
Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, се сретна со организаторите на трката „Струмица на улица“. Разговарале за изминатото издание, впечатоците од настанот и плановите за следните години.
Организаторите се заблагодариле за поддршката од Општина Струмица. Јанков ја потврдил подготвеноста на општината за продолжување на соработката и партнерството.
Јанков ги повикал струмичани да почнат со подготовките за „Струмица на улица“ во 2027 година.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.