Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Заврши изградбата на две улици во населеното место Сушево

Заврши изградбата на двете улици во населеното место Сушево – едната во должина од 140 метри а другата 75 метри. И двете улици се со ширина од 3,5 метри и се изградени со бехатонски елементи. За реализирањето на оваа инвестиција потрошени се 800.000 денари. Од нив, за едната улица потрошени се 580.000 денари, а за другата 220.000 денари. Овие средства беа обезбедени од сопствени извори.

Како што истакна градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев – изградбата на овие улици е од големо значење за подобрување на пристапот на жителите до своите домови, како и генерално подобрување на уличната мрежа во селото. Јанев додаде и дека во рамките на истата набавка, од страна на истата градежна фирма ќе бидат изградени две улици и во населеното место Градошорци, каде што веќе се започнати градежните активности и уште три во населеното место Пиперево, каде и таму се почнати градежните работи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.