Во Струмица започна 55-тата меѓународна ликовна колонија, во центарот за култура „Антон Панов“. На колонијата ќе учествуваат 15 уметници од Македонија, Косово, Романија, Бугарија, Русија, Турција и Србија.
Ликовната колонија ќе трае до 10-ти август и на неа учесниците ќе создаваат нови дела во повеќе техники и со тоа ќе го збогатат веќе постоечкиот фонд од над 2.200 уметнички дела, кои се создадени од околу 800 уметници од цел свет.
На почетокот од годинашнава колонија ќе биде отворена и самостојна изложба на уметникот Ѓорѓи Божинов-Фаника, со наслов „Корени“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.