Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица се одржаа музички средби на лица со телесен инвалидитет

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица се одржаа 24-тите музички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија. Оваа манифестација е дел од оф-програмата од годинашното издание на фестивалот „Струмица Опен Фест“.

Инаку, манифестацијата ја организира Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност“.

На неа учествуваа 12 пејачи, од кои првото место го освои Јованка Атанасова од Велес, второто Трајче Лазаров од Кавадарци, а третото Петре Јованов од село Подареш – Радовиш.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.