Струмица 2°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица се одржа Штафета на еднаквоста

Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица ја организираше првата штафета на еднаквоста, која се одржа во Градскиот парк во Струмица. На штафетата учествуваа деца со попреченост, кои трчаа од амфитеатарот до споменикот на Борис Трајковски. Наместо штафета носеа пораки на хартиени срца пренесувајќи апел дека и тие можат и умеат.

„Инклузија за сите“, „Заедно сме посилни“, „Еднаквост за сите“ – беа пораките што тие му ги врачија на градоначалникот Коста Јаневски.

На оваа штафета учествуваа деца од Струмица, Валандово, Штип, Радовиш и Прилеп, кои со насмевка ја истрчаа штафетата, заедно со нивните родители и посетителите во паркот. Од здружението „Вера“ истакнаа дека и во иднина ќе организираат вакви штафети со цел да ја подигнат свеста дека сите сме еднакви во ова општество.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.