Во Домот на АРМ во Струмица се одржа работна средба на тема „Заедно до поголема безбедност во сообраќајот“. Оваа средба е во организација на МВР-СВР Струмица, со поддршка од општина Струмица. Дел од оваа средба беа претставниците од советите на родители и училишните одбори, директори и стручни соработници од основните и средните општински училишта од општина Струмица, советници од Советот и претставници од МВР.
Целта на средбата произлегува од градењето на позитивен однос полиција, родители, училишта и локална заедница, а во рамките на проактивниот пристап на работа на полицијата. Присутните беа запознаени со општите одредби за поголема безбедност во сообраќајот, со потсетување за почитување на законските правила и прописи, со активностите кои ги презема СВР Струмица во делот на контролата на сообраќајот. Притоа, посебен осврт беше даден на влијанието што родителите и училиштето можат да го имаат врз учениците за почитување на сообраќајната култура.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.