Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица ќе се отвора религиозна непрофитна радио-станица

Според Одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се објавува конкурс за доделување на дозвола за вршење радиодифузна дејност, за непрофирна радио-станица наменета за христијанското население.

Конкурсот е објавен по претходен допис од Здружението Радио Марија Македонија од Скопје, кои пројавиле интерес за отворање на радио-станица од овој тип на територијата на општина Струмица.

Конкурсот кој е објавен кон крајот на минатиот месец ќе биде отворен за поднесување пријави во следните 90 дена, по што ќе биде избран економскиот оператор кој ќе го основа радиодифузното друштво.

Во моментов на територијата на општина Струмица функционираат две комерцијални радио-станици.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.