На 26-ти август (недела) во Струмица ќе се одржи првиот ноќен полумаратон „Во Струмица на улица“, во организација на Здружение Спортски Клуб „ЈУГО-ИСТОК“ – Струмица и Здружението „Културно забавен живот“.
Почетокот на маратонот е 19ч. Патеката е кружна во должина од 5 километри и нејзинито старт е Трговски Центар „Глобал“.
Пријавените учесници ќе трчаат 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон од 21.1 километри.
Наградниот фонд за полумаратонот е поделен во две категории – машка и женска и тоа, за прво место наградата изнесува 5.000 денари, за второ 4.000 денари, за трето 3.000 денари, за четврто 2.000 денари и за петтото место 1.000 денари. Ова се однесува и за двете категории.
Пријавените учесници на трките беа должни да платат 500 денари котизација и со тоа добиваат и стартен пакет кој содржи: dri-fit маичка со логото на трката, стартен број со чип за мерење на времето, освежување и овошје за време на трката, медал на крајот од трката, онлајн диплома и подарок од спонзорите на настанот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.