За првпат во новата учебна година 2018/2019 во просториите на клон 2 – детска градинка „Парк“, ќе биде отворена група за целодневен престој на деца, на возраст од 6 до 10 години. Со нив е предвидено да работи едуциран персонал односно, воспитувачи за одделенска настава.
Од Јавната образовна установа – детската градинка „Детска радост“ ги известуваат родителите кои се заинтересирани за престој на нивните деца во групата, дека пријавувањето е во тек и се врши во дирекцијата, а дополнителни информации можат да добијат на телефонскиот број 034 321 397.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.