Струмица 2°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Владата одлучи Еуромакс Рисорсис да користи „помалку штетни материи“ за рудникот Иловица-Штука

Премиерот Зоран Заев, на консултативната средба со која тој претседаваше, соопшти дека Еуромакс Рисорсис ќе користат помалку штетни хемиски материи за рудникот Иловица-Штука, наместо цијанид и сулфурна киселина, заради намалување на ризиците и загриженоста на локалното население во регионот. Исто така, ќе биде формирано и независно тело за мониторинг, кое ќе врши проверка на секој следен чекор во претстојните фази.

Меѓутоа на ова соопштение од Владата остро реагираа активистите, претставници на еколошките здруженија кои присуствуваа на средбата и истакнаа дека тие не се согласуваат да бидат дел од никакви тела за мониторинг, бидејќи цврсто стојат на нивните ставови и аргументи кои и претходно му ги изложија на премиерот, кога тој цврсто ги убедуваше граѓаните дека на Југоистокот нема да има рудници.

Според соопштението на Владата, со внимание биле разгледани економските параметри кои покажуваат дека оваа инвестиција и работата на рудникот ќе учествува со 3 отсто од БДП во Македонија, со што ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно и тоа ќе отвори можност за 500 директни и 2.700 индиректни вработувања за граѓаните од овој регион.

Активистите му порачаа на премиерот дека по ниедна цена нема да отстапат од нивната цел, бидејќи тие не дозволуваат да има рудници.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.