До 13-ти август, увид во Избирачкиот список за претстојниот референдум на 30-ти септември направиле вкупно 1.216 граѓани, во канцелариите и подрачните одделенија на Државната Изборна Комисија. Меѓу нив, најголем број граѓани кои извршиле увид се во Битола – 188, Радовиш – 104 и Струмица – 101.
Јавниот увид во Избирачкиот список продолжува и натаму, а паралелно со тоа тече и рокот за пријавување на македонските државјани за изјаснувањето, до 23-ти август.
До вчера пак, преку апликацијата на ДИК, вкупно 742 пријави од граѓани се доставени за изјаснување, во македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство за референдумот. Од нив, прифатени се 702, одбиени 11, а останатите се обработуваат – соопштија од ДИК.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.