Бајката ја изведоа учителот Сречко Чоп и учителката Сања Јушковиќ Атанасова, во соработка со библиотекарката Мирјана Перунковска. Од училиштето ја опишаа активноста како забавен начин најмалите ученици да се доближат до бајките и до важноста на книгите како извор на знаење, фантазија и авантури.
Со учениците се водеше и краток разговор за значењето на Месецот на книгата, кој се одбележува од 15 октомври до 15 ноември.
На крајот, секој ученик доби по едно списание за дома, подарок од училишната библиотека. Намерата е децата да продолжат да ги истражуваат книгите, приказните и сликовниците заедно со своите родители.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.