Утрово околу 08.40 часот се случила сообраќајна незгода на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, помеѓу патничко возило „Форд фиеста“, управувано од струмичанецот Н.С (29) и велосипед, управуван од Ѓ.А (59) од Скопје.
Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани од страна на Медицинскиот центар во Струмица.
Од СВР Струмица е извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.