Тешка сообраќајна несреќа се случила на локалниот пат Турново-Иловица, откако автомобил „Мерцедес“ управуван од А.Ј (27) од село Иловица, изгубил контрола над возилото и удрил во предниот десен дел на тракторот управуван од С.И (52), негов соселанец.
Двајцата возачи се здобиле со лесни телесни повреди, додека пак сопатничката на тракторот М.И (52) се здобила со тешки повреди. Повредените со возила на брзата помош се пренесени во Струмичкиот медицински центар, при што им била укажана медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот и полицијата презема соодветни мерки за расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.