Деновиве по социјалните мрежи е актуелна фотографијата од известување поставено на влезот во акушерското одделение во Општата болница во Струмица, на кое се вели дека пациентките кои доаѓаат да се породат овде, задолжително со себе мора да носат извод од матичната книга на венчани.
Тоа предизвика бурни реакции во јавноста и остри критики кон болницата и директорот Наќе Гогов и беше протолкувано како дискриминирачко. А се поставува и прашањето дали на немажените девојки од Струмица нема да им биде дозволено да се пораѓаат овде?
НАДОПОЛНЕТО
Отстрането известувањето од влезот на акушерското одделение во Општа болница – Струмица, кое од јавноста беше протолкувано како дискриминирачко. Директорот на болницата Наќе Гогов објасни дека известувањето е ставено од страна на некој од вработените, без да размисли за неговата содржина и без да го праша него. Исто така, тој додаде дека известувањето не е такво какво што е напишано на натписот, односно дека не е така според Законот и дека во ова одделение најважно е раѓањето, потоа се оставаат пациентите да си ги завршат работите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.