Синоќа околу 2 часот по полноќ е почувствуван земјотрес со магнитуда од 3 степени и епицентар во струмичкото подрачје.
Утрово сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот бил на 125 км југоисточно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван од населението во Струмица и околината, со интензитет од 4 степени според Европската микросеизмичка скала.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.