Општина Василево започна со изградба на две нови улици во село Градашорци. Улиците се во должина од 200 односно 150 метри, со просечна ширина од околу 3.5 метри.
Едната од улиците кои се во фаза на поплочување се наоѓа во т.н Чифлик Маало, а другата на влезот во селото од десната страна. Двете улици ќе се градат со бехатонски елементи, а изведувач на работите е градежната компанија „Пешо Инженеринг“.
Вкупниот износ на инвестицијата за двете улици изнесува 1.500.000 денари, средства кои Општината ги обезбеди од сопствениот Буџет.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.