Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Одбележани 50 години од смртта на писателот Антон Панов

Денеска пред спомен бистата на Антон Панов која што се наоѓа пред Центарот за култура што го носи неговото име, беше одбележана 50-годишнината од неговата смрт.

Во знак на почит кон Панов, еден од најпознатите македонски драмски автори, членови на Советот на општина Струмица положија свежо цвеќе.

Антон Панов е истакнат македонски драмски писател, најпознат по неговото дело, драмата „Печалбари“, напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета.

Панов починал на 28-ми август 1968-ма година во Струмица. Неговото име денес го носи една од најзначајните културни инситуции на југоистокот, НЦУК „Антон Панов“ во Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.