Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски денеска присуствуваше на свеченоста со која беше одбележан Денот на Армијата на Република Македонија. Таа се одржа во Штип, во касарната „Јане Сандански“.
Свеченоста вклучуваше пречек на државното знаме, официјален говор на претставник на АРМ, како и доделувања на признанија и унапредувања на заслужни припадници на армијата.
Инаку денот на АРМ на Р.М се одбележува на 18-ти август, но, бидејќи годинава се паѓа в сабота, чествувањето на бранителите на македонскиот суверенитет беше одбележан денес.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.