Министерот Филипче денес на конференција за пресс потврди дека е регистриран нов случај на коронавирус во Струмица.
Денес се регистрирани 89 нови случаи, а бројката на активни случаи се искачи на 606. Билансот на починати денес изнесува 6 лица.
Министерот потврди дека се работи за нов бран, од кои 70% се од веќе познати кластери, по што е констатирано дека нема неконтролирано ширење на болеста.
Засега ќе се почека уште неколку дена за да се донесат евентуални одлуки за воведување на нови рестрикции за движењето во општините во кои бројот на заболени се зголемува.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.