Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Над 34 милиони денари чинат штетите предизвикани од невремето во Струмица

Силното невреме кое на 7 јули годинава го зафати струмичкиот регион, особено атарите на населените места Сачево, Дабиле и Муртино, предизвика штета од 34 милиони и 397.748 денари, при што беа зафатени 102,6 хектари обработливи површини – истакна на прес конференцијата Ацо Ѓорѓиев – Претседател на Комисијата за проценка на штетите.

Како што истакнаа од Комисијата, вкупно биле поднесени 358 барања за утврдување на проценка на штета, од нив 244 од село Муртино, 61 од Сачево, 44 од Дабиле и 9 од останатите населени места.

Најмногу од штетите се предизвикани на посевите на кои се засадени индустриски пиперки на отворено и тоа околу 54,8 хектари, но и во фолии на 7,3 хектари, а од силниот ветер уништени се и пластеници. Оштетени се и посеви со пченка на 13,1 хектари, 14,4 хектари пченица, како и посеви со бостан, дињи, зелка, модар патлиџан и уште многу други култури.

Овој извештај од Комисијата треба да биде изгласан на наредната Седница на Совет на општина Струмица, по што тој се доставува до Републичката комисија за проценка на штети, оттаму до Министерството за финансии, односно Владата, која понатаму одлучува во колкав процент ќе ги исплати штетите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.