Проектот беше насочен кон поттикнување на транспарентноста и отчетноста на локално ниво. Обуките опфатија учесници од Куманово, Боговиње, Гази Баба, Штип, Битола, Струмица, Струга и Градот Скопје.
Улогата на локалното истражувачко новинарство во јавниот надзор врз работата на општините беше тема и на настанот „Истражувај локално за поголема транспарентност, отчетност и јавен надзор“, организиран од „Democracy Lab“ и Националниот демократски институт (НДИ) во Скопје. На настанот новинари, претставници на локалната самоуправа, експерти и проектни партнери дискутираа за придонесот на ова новинарство кон поголема транспарентност и отчетност.
„Заедници со интегритет“ го спроведува НДИ во Македонија со финансиска поддршка од владите на Швајцарија и Шведска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.