Градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев доби казна затвор во времетраење од 18 месеци, поради тоа што беше фатен пред македонско-бугарската граница како пренесува 33.000 кутии цигари од марката Калипсо во вредност од 3.245.589 денари, во две теренски возила, заедно со неговите најблиски.
Казната му беше изречена по расправата во струмичкиот суд, а освен градоначалникот, казна затвор од една година добија неговиот син и внук. Додека пак, сопругата на Стојчев поради здравствени причини доби условна казна, а лицето кое требало да го набљудува теренот од полиција доби казна затвор од 8 месеци.
Пред расправата во струмичкиот суд Основното јавно обвинителство го измени обвинението, при што на осомничените не им се судеше за занимавање со криумчарење, туку за кривично дело обид за пренесување непријавена стока.
Обвинетите го признале кривичното дело и заради тоа имаат и право на жалба до апелација во Штип, единствено за висината на нивните казни.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.