Работилницата беше дел од две работилници одржани на 10 и 12 ноември во Центарот за ментално здравје и психосоцијална поддршка на Црвениот крст во Скопје. На нив учествуваа вкупно 22 млади волонтери од клубовите на млади на Црвениот крст.
Преку интерактивни дискусии и практични вежби, тие работеа на поставување здрави граници, градење самодоверба и справување со притисокот од околината. Целта беше да ги зајакнат вештините во овие области.
Работилницата „Како да кажам НЕ? Зошто ни е важно мислењето на другите?“ ја организираше Црвениот крст на Република Северна Македонија. Двајцата волонтери ќе ги применуваат и споделуваат знаењата во локалната заедница во Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.