На трката имало и лица во инвалидски колички. Дел од учесниците носеле исти шарени маици со броеви, сини балони и кабаници или јакни со качулки за заштита од дождот.
Од Заводот го опишале учеството како искуство исполнето со дружење и добро расположение и покрај временските услови. Посочиле дека заедништвото на трката е пример како спортот може да ги поврзува луѓето и да ги надминува бариерите, а на организаторите им се заблагодариле за можноста нивните корисници да бидат дел од настанот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.