Две поткровја од семејна куќа во Струмица изгореа, откако избувнал пожар, синоќа по 21ч. на улицата „Киро Абрашев“.
Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот и да спречат, поради ветрот, да се прошири и на соседните куќи. Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе екипи на ТППЕ од Струмица.
За среќа, нема повредени и загинати во пожарот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.