Синоќа во големата сала во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, им беа доделени дипломите за завршено средно образование, на средношколците од СОУ „Јане Сандански“.
На свечената церемонија присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, заедно со неколку членови на Советот, како поддржувачи на младите и нивното образование.
Претходно своите дипломи ги зедоа и средношколците кои завршија во СОУ „Никола Карев“ и СОУУД „Димитар Влахов“. На сите нив градоначалникот им честиташе за завршеното средно образование и им посака многу успеси во иднина.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.