Вкупно 276 матуранти кои завршија во учебната 2017/2018 година во СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица ги добија своите дипломи на свеченото доделување.
На доделувањето присуствуваше и првиот човек на општината Коста Јаневски, како и членови на Советот на општина Струмица. Освен нив, присутни беа и најблиските на средношколците.
Јаневски на матурантите им порача дека тие се нашата сегашност и нашата иднина и дека секогаш е задоволство да се биде помеѓу нив. Тој им честиташе за завршеното средно образование и им посака многу успех на сите полиња во иднина.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.