Фотографија од настанот · ООУ Св. Кирил и Методиј Иловица — Босилово
Градоначалникот на Босилово денес ги пречека четвртоодделенците од ООУ „Св.
Тој им раскажа и како работат општинските сектори.
Учениците му подарија на градоначалникот Ристо Манчев книга со желби за Општина Босилово и благодарница.
Градоначалникот на Босилово денес ги пречека четвртоодделенците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Иловица во општинската зграда и им објасни како се носат одлуките важни за развојот на местото во кое живеат.
Тој им раскажа и како работат општинските сектори. Целта на посетата беше учениците одблизу да видат како функционира локалната самоуправа, за што е надлежна општината и какви обврски има градоначалникот во текот на работниот ден.
Учениците му подарија на градоначалникот Ристо Манчев книга со желби за Општина Босилово и благодарница. Манчев рече дека со подароците му направиле особена чест.
На крајот од средбата учениците и градоначалникот се фотографираа за спомен. За една од фотографиите, ученичка седна зад бирото во општинската канцеларија.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.