Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Дечиња од социјално-ранлива категорија на семјства од Струмица заминаа на одмор во Струга

Дечињата од семејства со социјален ризик или корисници на посебен додаток во моментов се на летен одмор во летувалиштето „Мајски цвет“ во Струга.

Во моментов, како дел од владиниот проект за бесплатно летување, во одморалиштето престојува групата со дечиња од Струмица, Валандово, Радовиш, Штип и Демир Хисар.

За нив се грижат волонтери од „Црвен крст“ на Македонија, додека за храната е задолжен нутриционист од Министерството за труд и социјална политика.

Владиниот проект кој се реализира од 2012-та година, годинава ќе прими 1.700 деца на возраст од седум до четиринаесет годишна возраст.

 

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.