Комисијата за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита, на седницата која ја одржа на 17.08.2018-та година, по разгледување на доставената информација за состојбата во јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица и обемната расправа на која присуствувал и Командирот на Полициската станица од општа надлежност од Струмица, Трајко Чурлинов, нотирале низа состојби кои го нарушуваат јавниот ред и мир, посебно на безбедноста на сообраќајот во општина Струмица, кои произлегуваат од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, посебно од младите мотоциклисти кои најчесто возат без кациги.
Имајќи го тоа в предвид, Комисијата предлага да се превземат неколку мерки и тоа, зголемување на вработените во Полициската станица од општа надлежност во Струмица на 140, од моменталните 66, со што ќе се возобноват и реонските позорникари во општината, опремување на Полициската станица со потребните материјално технички средства кои недостасуваат, како и поставување на систем од камери на сообраќајниците во општината за следење на сообраќајот со што ќе се допринесе за намалување на прекршоците од областа на сообраќајните правила и прописи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.