Струмица 2°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Четвртоодделенци му кажаа на Јанков како би ја развивале Струмица ако беа на негово место

Извор на фотографијата: Општина Струмица
Извор на фотографијата: Општина Струмица
  • На средбата со Јанков беа околу 90 четвртоодделенци од „Видое Подгорец“.
  • Учениците прашуваа како Општината носи одлуки и ги спроведува проектите.

Околу 90 четвртоодделенци од ООУ „Видое Подгорец“ ја посетија Општина Струмица. Во разговор со градоначалникот Петар Јанков, учениците споделија идеи за тоа како би го развивале градот ако тие беа градоначалници.

Учениците го прашаа Јанков за што е надлежен како градоначалник, како се носат одлуките во Општината и како се спроведуваат општинските проекти. Прошетаа и низ просториите на општинската зграда за одблизу да се запознаат со секојдневната работа на локалната самоуправа.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.