Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Кривичната пријава е за лихварство и изнуда.
Според пријавата, заканите се однесувале и на животот на семејството на должникот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава за лихварство и изнуда против 40-годишниот П.С. од Струмица. Полицијата се сомнева дека тој користел закани и физичко насилство за да наплати значително повеќе пари отколку што дал на заем.
Според пријавата, од почетокот на април до крајот на јули годинава П.С. му давал пари на заем на лице од Струмица под услов да му врати значително повисока сума. За да ги наплати парите, на должникот му се заканувал по неговиот живот и по животот на неговото семејство, а врз самиот должник применувал и физичко насилство.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.