Меѓу нивните трудови беше и анализа на бројот и структурата на возилата што минуваат низ крстосница. Учениците претставија и презентација за иновациите во сообраќајот.
Правилата за пешаците, велосипедистите и патниците во возило беа тема на презентацијата „Мобилниот може да почека – животот не!“, со која исто така беше одбележана неделата посветена на сообраќајната безбедност.
Активностите се одржаа во училиштето и во Младинскиот центар во Струмица, со поддршка од Општина Струмица, која беше и домаќин во центарот. Завршија со квиз на платформата „Kahoot“, а најдобриот учесник доби награда.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.