Прекинот ги опфаќа броевите од 26 до 70 на Широк Дол.
Екипите на „Комуналец“ работат на отстранување на водоводниот дефект.
Корисниците на улицата Широк Дол во Струмица, од број 26 до број 70, денеска се без вода од 11:30 часот. Според најавата на ЈПКД „Комуналец“, прекинот ќе трае до 14:00 часот.
Причина за прекинот е дефект на водоводната мрежа. Екипите на „Комуналец“ работат на негово отстранување.
За дополнителни информации, корисниците можат да се јават на 13-110.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.