Фотографија објавена на јавниот профил на Петар Јанков
Граѓаните се повикани да предложат сограѓани за годинешните општински признанија.
Повикот е упатен во пресрет на празникот на Тивериополските свештеномаченици.
Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, ги повика граѓаните да предложат свои сограѓани за годинешните општински признанија и со номинациите да се вклучат во изборот на добитниците.
Повикот е за номинирање луѓе кои со својата работа, посветеност и достигнувања оставиле значаен белег во Струмица. Јанков го упати во пресрет на празникот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.