Од СДСМ Струмица велат дека не се против асфалтирањето и дека граѓаните заслужуваат нови улици и обновен асфалт. Но, според партијата, половичните и неквалитетни зафати не можат да се сметаат за завршена работа, туку претставуваат потценување на граѓаните. Во истата критика го поставуваат и прашањето дали зад таквите зафати стои личен профит.
СДСМ ја спротивстави оваа оценка на сопственото раководење со општината, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ не може ниту да го нацрта, а камоли да го реализира она што Општина Струмица го изградила и асфалтирала низ годините под водство на СДСМ.
На ВМРО-ДПМНЕ му порачаа да посвети повеќе време на работа на терен, а помалку на ЧатЏиПиТи и на пишување соопштенија што ги оценија како празни.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.