Во женска конкуренција во шах победи Ана-Марија Стојановска од Скопје.
На игрите учествуваа адвокати од повеќе заедници, кои се натпреваруваа во поединечни и екипни дисциплини. Пехарот за најспортска адвокатска заедница, доделен за првпат оваа година, го освои Гостивар. Пехарот за фер плеј ѝ припадна на Охрид, а признанието за најспортски дух му беше доделено на адвокатот Жарко Казанџиски од Прилеп.
Во другите дисциплини, Скопје победи во фудбал, а Струга во машка кошарка. Најкорисен играч беше прогласен адвокатот Калин Митрески од Скопје. Во женска кошарка победи екипа составена од четири адвокатки од Скопје и Филомена Најдеска од Охрид. Ивана Кузманоска од Скопје беше најбрза во женската Адвокатска трка, а Иван Спиркоски од Прилеп во машката. Во пинг-понг победија Љубица Билбилоска во женска и Дејан Коцевски во машка конкуренција, двајцата од Тетово. Во пикадо најдобри беа Иванка Јакимовска од Скопје кај жените и Димитрија Димоски од Гостивар кај мажите. Пехарот за најдобро пеење го доби адвокатот Ѓоко Гажоски од Скопје.
Адвокатската комора ги опиша игрите како можност за дружење и зацврстување на колегијалните врски, нагласувајќи дека спортскиот дух и меѓусебното почитување се подеднакво важни како победата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.