Во акцијата учествуваа униформирани полициски службеници и општинските инспектори од областа на сообраќајот, Ѓорги Аризанов и Христо Гогов. Флаерите беа наменети за подигнување на свеста за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Со акцијата беше одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Општина Струмица учествуваше преку Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со МВР – СВР Струмица и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Целта на заедничките активности и континуираната едукација е поголема сообраќајна култура, поодговорно однесување и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.